Правила и услови за користење

 


Правила и услови за користење на Телемаркет.мк веб-страниците

Ви благодариме за посетата на оваа веб-страница.

Ве молиме, внимателно да ги прочитате условите и одредбите содржани во овој документ бидејќи со секоја употреба на оваа веб-страница се подразбира вашата согласност за прифаќање на условите и на правилата за употреба  што се наведени во овој документ.

Термините употребени на оваа веб-страница: „Ние“, „Нас“, „Наше“ и „Телемаркет.мк-група“ , се однесуваат на компанијата Телемаркет.мки на која било нејзина филијала, во зависност од контекстот.

Полиса за заштита на приватноста на веб-страницата

Сите лични информации или материјали испратени на веб-страницата Телемаркет.мк-група подлежат на полисата за заштита и приватност на лични податоци на Телемаркет.мк-групата, кои се наведени во ова известување за заштита на приватноста.

Точност, целосност и навременост на информациите

Телемаркет.мк нема одговорност за неточни или нецелосни информации објавени на оваа веб-страница. Сите информации и материјали добиени преку оваа веб-страница ги употребувате и ги прифаќате на сопствен ризик. Се согласувате дека е ваша одговорност да ги следите сите промени на материјали и информации содржани на оваа веб-страница.

Испраќање податоци

Материјалот што го испраќате на оваа веб-страница, вклучувајќи ги податоците, прашањата, коментарите, сугестиите и слично, нема да се сметаат доверливи и заштитени. Сè што пренесувате или праќате станува сопственост на Телемаркет.мк-групата и може да биде употребено за секаква потреба, која вклучува, но не се ограничува на копирање, објавување, пренос, емитување и на праќање.
Телемаркет.мк-групата може слободно да ги употреби за секаква потреба (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на развој, производство, рекламирање и маркетинг-производи) идеите, уметничките дела, изумите, развојот, сугестиите или концептите содржани во каква било форма на информација што ја испраќате на оваа веб-страница, без дополнителни  обврски за надоместок на испраќачот.
Со доставените податоци давате гаранција дека поседувате право на сопственост на испратениот материјал, кој не смее да содржи клевети или закани и употреба на истиот од страна на Телемаркет.мк-групата нема да ги прекрши правата на третата страна. Телемаркет.мк-групата не е обврзана да го употреби или да го објави доставениот материјал.

Право на интелектуална сопственост

® Reg. Заштитен жиг Societe des Производи Nestle SA. Сите права задржани.
Телемаркет.мк-групата ги поседува сите авторски и други права на интелектуална сопственост над сите текстови, слики и други материјали содржани на оваа веб-страница или поседува дозвола за релевантен сопственик.

Дозволено ви е да ја пребарувате веб-страницата, да ја отпечатите содржината или да ја зачувате на хард-диск, како и за дистрибуција до други поединци, под услов да ги зачувате сите авторски и други права на сопственост, како и заштитниот жиг на сопственикот.
Ниеден дел од оваа веб-страница не смее да се продава или да се дистрибуира за комерцијални цели ниту, пак, смее да се модифицира или да биде инкорпориран за друг бизнис, издавање или веб-страница.

Стоковните жигови, логоата, знаците и услужните жигови (заедно „Стоковни жигови“) прикажани на оваа веб-страница ù припаѓаат на Телемаркет.мк-групата. Ништо што е прикажано на оваа веб-страница не смее да се толкува како дозвола за употреба на кој било жиг прикажан на оваа веб-страница.

Секоја ваша употреба/злоупотреба на Стоковните жигови прикажани на оваа страница или на која било друга содржина на веб-страницата, освен оние дадени во Условите и Правилата за употреба, е строго забранета. Исто така, Телемаркет.мк-групата ќе го употреби законското право на интелектуална сопственост во целост, вклучувајќи и казнена тужба за сериозни прекршоци.

Линкови на други веб-страници

Линковите на другите веб-страници на Телемаркет.мк-групата може да ве однесат надвор од мрежата на Телемаркет.мк-групата. Телемаркет.мк-групата нема одговорност за содржината, точноста или за функцијата на тие страници.

Линковите се дадени во доверба и Телемаркет.мк-групата не се смета одговорна за каква било дополнителна промена на другите веб-страници за кои има дадено линкови. Приклучувањето кон линкови на други веб-страници не значи потврда од Телемаркет.мк-групата.

Ви препорачуваме да бидете внимателни и со голема сосредоточеност да ги прочитате законските известувања за приватноста на другите веб-страници што ги посетувате.

Гаранција и одрекување

Употребата на оваа веб-страница е исклучително на ваша сопствена одговорност.

Гаранција

Оваа веб-страница ви е овозможена врз база „достапност“ па оттаму, Телемаркет.мк-групата не дава никаква гаранција, било изразена, индиректна, легална или друга, вклучувајќи ја и гаранцијата дека прикажаниот материјал на оваа веб-страница е целосен, точен, сигурен, навремен и дека не ù штети на третата страна; дека пристапот на страницата нема да биде непопречен или без грешки; дека веб-страницата е сигурна; дека кој било совет или мислење од страна на Телемаркет.мк-групата содржано на оваа веб-страница е точно или сигурно, па какви и да е гаранции или застапувања категорично ги демантира.

* Имајте предвид дека некои судски надлежности не дозволуваат исклучување од гаранциите што се подразбираат, така што некои од нив не се применливи за вас. Ве молиме, проверете ги вашите локални закони.

Ние го задржуваме правото за ограничување или за укинување на пристапот на оваа веб-страница или на кој било дел во секој временски интервал.

Одговорност

Телемаркет.мк-групата и третата страна што учествувале во создавање, производство или доставување на оваа страница во наше име немаат никаква одговорност за директни, случајни, последователни, индиректни или казнени штети, трошоци, загуби или каква било одговорност што произлегува од пристапот, употребата, неможноста за употреба, промената на содржината на оваа веб-страница или кои произлегуваат од која било друга веб-страница преку линковите на оваа веб-страница или преку кое било дејство што го преземаме или не го преземаме како резултат на која било електронска порака што сте ја испратиле.

Телемаркет.мк-групата и третото лице што учествувале во создавањето, производството или доставувањето на оваа веб-страница немаат одговорност за одржување на материјалот и на услугата достапни на оваа веб-страница ниту за доставување на поврзани исправки, дополнувања или известувања. Секој материјал достапен на оваа страница е подложен на промени без претходна најава.

Исто така, Телемаркет.мк-групата не прифаќа одговорност за каква било загуба предизвикана од вируси што може да го заразат вашиот компјутер или која било друга сопственост преку употреба, пристап или преземање на каков било материјал од оваа веб-страница. Доколку одлучите да го преземете материјалот од оваа веб-страница, го правите тоа на сопствена одговорност.

Недозволени дејства

Недозволени дејства се оние што Телемаркет.мк-групата ги смета за несоодветни и/или кои ќе се оценуваат како незаконски чин или се забранети со кој било закон за примена на оваа веб-страница, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

Секој чин што претставува кршење на приватноста (вклучувајќи објавување приватни информации без лична дозвола) или кои било други права на поединецот.

Употреба на оваа веб-страница за клевета или за обвинување на Телемаркет.мк-групата, нејзините вработени, други поединци или слично однесување што го загрозува угледот на Телемаркет.мк-групата.
Додавање дадотеки што содржат вируси може да предизвика штета на сопственоста на Телемаркет.мк-групата или на сопственоста на поединецот.

Вие и Телемаркет.мк-групата се согласувате дека кој било спор или тужба поврзана со употребата на оваа веб-страница ќе биде во надлежност на судот на Република Македонија.

„Cookies“

Телемаркет.мк не употребува технологија за следење („cookies“). Политиката на Телемаркет.мк-групата за употреба на таква технологија е наведена во полисата за заштитa на приватност и на лични податоци на Телемаркет.мк-групата.

Амандман на правниот коментар

Го задржуваме правото на измена и корекции на ова известување. Ве молиме да  пристапувате на оваа веб-страница одвреме-навреме за да имате преглед на новите информации.